Во Струмица почнува со работа откупниот центар на Агрокор

Bez autora
Sep 05 2011

Хрватската компанија "Агрокор" денеска во Струмица го стартува со работа својот откупно-дистрибутивен центар. Според директорот на претставништвото на Агрокор", Блажо Витанов, монтирани се машините и останатата опрема и со откуп ќе стартуваат на сезонските земјоделски производи, како што се индустриската црвена пиперка, доматите и корнишоните. Овој откупно-дистрибутивен центар, прв од таков тип во државата, располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на зеленчук и овошје, со дневен капацитет меѓу 200 и 300 тони. Центарот, кој почна да се гради во февруари годинава, зафаќа површина од 8.000 квадратни метри и во него досега се инвестирани 11 милиони евра. Се очекува во Центарот годишно да се откупуваат околу 50 илјади тони зеленчук и овошје.

Во Струмица почнува со работа откупниот центар на АгрокорХрватската компанија "Агрокор" денеска во Струмица го стартува со работа својот откупно-дистрибутивен центар. Според директорот на претставништвото на Агрокор", Блажо Витанов, монтирани се машините и останатата опрема и со откуп ќе стартуваат на сезонските земјоделски производи, како што се индустриската црвена пиперка, доматите и корнишоните.

- Овој откупно-дистрибутивен центар, прв од таков тип во државата, располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на зеленчук и овошје, со дневен капацитет меѓу 200 и 300 тони - изјави Витанов.

Центарот, кој почна да се гради во февруари годинава, зафаќа површина од 8.000 квадратни метри и во него досега се инвестирани 11 милиони евра. Се очекува во Центарот годишно да се откупуваат околу 50 илјади тони зеленчук и овошје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik